22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Маркоска: Усвоен ребалансот, следуваат повисоки, плати, пензии и нови антикризни мерки

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2022 година кој обезбедува одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка за компаниите и граѓаните, истакна Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Нови 76 милиони евра се обзбедени за идни антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза, појасни таа.

Дополни дека за поддршка на земјоделството за да се поттикне зголемено домашно производство, обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари, односно 32 милиони евра.

„Со ребалансот обезбедивме средства за исплата на зголемени плати во образованието и детската заштита како и за повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери. Овој ребаланс на Буџетот на дело ја потврдува заложбата на СДСМ за стабилна и развојна економија но и за повеќе пари во секое семејство. Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици Владата предводена од СДСМ покажува капацитет во справувањето со последиците, покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани“, нагласи Маркоска.

Најави дека и во време на криза, како одговорна партија, продолжуваат да водат економски политики кои обезбедуваат повисок животен стандард за граѓаните.