Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Рускиот гас повторно тече преку Северен тек 1 кон Европа

Портпаролот на австриската ОМВ рече дека Гаспром сигнализирал оти ќе испорача околу 50 отсто од договорените количини на гас во четврток, што е на нивото видено пред гасоводот да биде затворен заради ремонт.

Рускиот гас денеска продолжи да тече низ најголемиот гасовод меѓу Русија и Германија по 10-дневно исклучување поради редовното годишно одржување, соопшти операторот, намалувајќи ја загриженоста дека периодот на одржување ќе биде продолжен.

Имаше голема нервоза во Европа околу тоа дали гасоводот Северен тек 1 ќе биде рестартиран по годишното одржување, при што владите се подготвуваа за можни дополнителни намалувања на снабдувањето.

Нарачани 29,28 милиони киловат-часови гас за испорака преку Северен тек 1.

Нарачките за испорака на гас од Русија до Германија преку гасоводот Северен тек 1 утринава изнесуваат 29.284.591 киловат-часови (KWh) на час помеѓу 6:00 и 7:00 часот, во споредба со нула KWh еден час порано, покажа податоци од веб-страницата на операторот.

Вистинските податоци за физичкиот проток за претходниот временски период од 4:00 до 5:00 часот не се ажурирани и се на нула.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +