Европската централна банка денеска одлучи да ги задржи основните каматни стапки непроменети. Каматата на депозитите останува 2,50 проценти, додека каматата за главните операции на рефинансирање изнесува 2,65 проценти.
Одлуката доаѓа во услови на загриженост поради енергетските цени и нивното влијание врз инфлацијата. Следните чекори на ЕЦБ ќе зависат од економските податоци и процените за стабилноста на цените.


