Centar.mk
фото Собрание
-МАКЕДОНИЈА

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

Во Собранието се одржа средба со полскиот амбасадор Мариуш Бримора и универзитетскиот професор Марачин Пјонтковски, на која присуствуваа претседателот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски и членката на Комисијата, Силвана Ангелевска; претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска, Даниела Николова и членката на Групата, Драгана Бојковска.

На средбата се разговараше за економските реформи, процесот на европска интеграција, предизвиците на економскиот развој и можностите за унапредување на билатералната соработка со Полска.

Посебно внимание беше посветено на искуствата на Полска во процесот на економска трансформација и европска интеграција, како и на значењето на институционалните реформи, владеењето на правото и создавањето поволна деловна клима за привлекување инвестиции.

Во дискусијата беа опфатени и прашањата поврзани со енергетиката, туризмот, земјоделството, образованието и развојот на човечкиот капитал, со акцент на потребата од долгорочни и одржливи економски политики.

Беше истакната важноста од искористување на позитивните искуства на Полска, особено во поглед на користењето на европските фондови, спроведувањето на реформите и зајакнувањето на конкурентноста на економијата.

Соговорниците ја нагласија важноста од продолжување на соработката, размената на искуства и добри практики, како и од натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК

ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ 356 МИЛИОНИ ЕВРА НА ТЕНДЕРИ – Рекордни јавни набавки

ДЕСК