Centar.mk
ТЕМАТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp воведува промена која корисниците ја посакуваат со години

Доаѓаат промени во WhatsApp.

Апликацијата воведе голем број нови функции, од кои многу се однесуваат на групни разговори, со што се воведува можност за „исклучување“ на одредени луѓе во групен повик. Исто така, WhatsApp сега ви овозможува да испраќате директни пораки до одредени луѓе со кои сте во групен повик.

Има и известувања кои ќе ве предупредат дека е додадено ново лице на групниот повик за време на неговото времетраење.

Претходно најавија дека ќе променат одредени поставки за приватност. Корисниците конечно ќе можат да изберат кои контакти ќе можат да ја видат нивната фотографија на профилот, статусот и информациите за тоа кога последен пат биле активни на платформата.

Досега тоа можеше да се направи само за сите контакти одеднаш, а многу корисници напишаа на социјалните мрежи дека би сакале да ја сокријат оваа информација само од одредени луѓе. Сега конечно и тоа ќе може.

Можеби ќе ве интересира

Продолжен викенд: Подгответе се за авантура со Samsung Galaxy S26 Ultra и Galaxy Buds4 Pro

ДЕСК

Кога екранот исчезнува, а останува само доживувањето

ДЕСК

Еден клик може да ве остави без пари: Интернет измамите стануваат секојдневие

ДЕСК