10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Совет на амбасадори: „Преговарачката рамка“ со Бугарија треба да биде реализирана од Брисел а не од Софија

Советот на амбасадори по повод францускиот предлог за одблокирање на пристапниот пат на Северна Македонија кон ЕУ, смета дека членството во ЕУ нема алтернативи и е не само од стратешко значење за нашата држава туку и безбедносно прашање за целиот регион.

Советот, како што велат од таму, ги поздравува напорите на претседателот Макрон и на канцеларот Шолц, како и на другите лидери и дипломати на ЕУ и САД, кои активно ја подржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

Во одсуство на јавна објава на интегралниот текст на Францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност и создава бројни негативни реакции кои го јакнат евроскептицизмот и национализмот во државата, Совет на Амбасадори смета дека треба најнапред да се добие целиот текст, внимателно да се анализира, а потоа да се заземат соодветни позиции кои ќе ги одразуваат долгорочните национални интереси на државата и нејзините граѓани.

Совет на Амбасадори смета дека преговарачката рамка претставува мултилатерален документ, чија намена е да послужи како водилка за темелно реформирање и пристапување на државата- кандидат кон Европската Унија.

Изразуваат надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе усвојат рамка која ќе го отсликува мултилатералниот карактер на документот, а Бугарија ќе биде на ниво на пријателска држава во чиј национален интерес е соседната држава Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.

Советот смета дека утврдувањето на „Преговарачката рамка“ и управувањето со механизамите за нејзино спроведување треба да биде реализирано од Брисел, а не Софија. На тој начин,,како што оценуваат, ќе се намали можноста за „зачестени блокади“ на пристапниот процес, од што најмногу стравуваат граѓаните на нашата држава.

Советот се надева и очекува ЕУ да има доволно чувство за реална проценка на политичката состојба во Северна Македонија и да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени, туку таквиот процес да биде поместен за кога тоа ќе го дозволат политичките и општествените услови.

„Совет на Амбасадори уште еднаш подвлекува дека сегашниот консенсуален начин на донесување на одлуки ги блокира процесите на одлучување во Унијата, и неодамнешната констатација на Канцеларот Олаф Шолц дека „ЕУ треба да ги модернизира структурите и процесите за носење одлуки„ го смета за вистински исчекор кон нејзино реформирање“, е потенцирано во нивната реакција.

Апелираат до Владата да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и опстои на црвените линии за зачувување на идентитетот и интегритетот на Република Северна Македонија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Совет злато вреден: Познат готвач откри трик за полесно подготвување храна

M T

Ердоган ги смени амбасадорите во Шведска и Финска

M T

Совети кои ќе ви значат: Еве што да направите ако автомобилот ви заглави во снегот

M T

Русија се повлекува од Советот на Европа: Нема да учествуваме во платформа на западниот нарцизам

M T

Судскиот совет бара од Врховен и од апелационите судови да ја воедначат казнената политика

M T

Состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика во врска со случувањата во Авганистан

M T