32.8 C
Скопје
3. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Локално

Претседателот на Собранието распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, согласно своите уставни надлежности, денеска 21.06.2022 година распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово.

Согласно Решението што го донесе претседателот на Собранието врз основа на Изборниот законик, изборите за членови на Советот на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година.

Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.