Centar.mk
ЛОКАЛНО

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

ЈП Комунална хигиена-Скопје почна акција за наплата на долгови без пресметана камата за задоцнето плаќање.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека започна акција за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање“, соопшти претпријатието.

Можноста да се плати долгот од страна на корисниците без пресметана камата е со определено времетраење, сметано од 20.04.2026 година заклучно со 05.06.2026 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК

Жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција од вторник до петок

C +