Centar.mk
СВЕТ

Еболата се шири од Конго кон Уганда, СЗО прогласи здравствена криза

Светската здравствена организација прогласи дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда претставува јавно-здравствена криза од меѓународно значење. Од СЗО нагласуваат дека станува збор за сериозен ризик за јавното здравје, но дека епидемијата не ги исполнува критериумите за пандемиска криза.

Епидемијата е предизвикана од сојот Bundibugyo, поредок тип на ебола за кој, за разлика од познатиот Zaire-сој, во моментов нема одобрени специфични вакцини или терапии. До 16 мај, во провинцијата Итури во ДР Конго биле пријавени осум лабораториски потврдени случаи, 246 сомнителни случаи и 80 сомнителни смртни случаи во најмалку три здравствени зони, меѓу кои Бунија, Рвампара и Монгбвалу.

Во Уганда, во главниот град Кампала, се потврдени два случаи кај лица што патувале од ДР Конго, од кои еден завршил со смрт. СЗО соопшти и дека еден потврден случај е регистриран во Киншаса, кај лице што се вратило од Итури, што дополнително ја зголемува загриженоста за можно ширење надвор од првично погодените подрачја.

Еболата се пренесува преку директен контакт со телесни течности на заразено лице, а болеста може да биде смртоносна. СЗО повикува на итна изолација на потврдените случаи, следење на контактите, засилена контрола во здравствените установи и координиран меѓународен одговор, но не препорачува затворање на меѓународните граници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Маѓар зборува глупости, националната влада во заминување не ја ограби Унгарија, туку ја зајакна

C +

Кина информираше дека е постигнат напредок во трговските преговори со САД

C +

Разбиена меѓународна мрежа што продавала лажни лекови и додатоци, заработила 240 милиони евра

C +