Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

ЈСП Скопје информира дека на 25 и 26 април жичницата ќе биде привремено надвор од употреба поради проширени технички контроли.

-Жичницата на Водно ќе биде привремено надвор од употреба за време на викендот, односно на 25 и 26 април 2026 година, информираат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието појаснуваат дека прекинот е поради редовни, но проширени технички контроли. Контролите ќе ги изведуваат специјализирани екипи од австриската компанија „Допелмаер“.

Според ЈСП, проверките се прават со цел да се обезбеди максимална безбедност и сигурност во работењето.

Надлежните им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и разбирањето и апелираат навреме да ги планираат своите активности, имајќи го предвид прекинот во функционирањето./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК