Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи на состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од Берлин допатува за Брисел, каде денеска ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој се поканети и министрите за надворешни работи од државите на Западен Балкан.

Од МНР информираа дека стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина се двете централни теми кој ќе ги опфати овој состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Советот најпрво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан.

На маргините на Советот, Османи ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет и Комисијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче побара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

ДЕСК

ДИПЛОМИРАЛЕ НАД 7.600 СТУДЕНТИ ВО 2025: Најмногу во бизнис, администрација и право

ДЕСК

АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНИЈА: За три месеци починале речиси 2.000 лица повеќе отколку што се родиле

ДЕСК