9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – Ако страдате од хроничен замор, сува кожа и гоење, веројатно ви недостасува една супстанца

Веќе ни е познато дека исхраната е многу важна за зачувување на нашето здравје. Меѓу нашите луѓе често се вели дека ние сме тоа што го јадеме, и иако одвреме-навреме не изгледа така, сè попопуларен тренд е да се внимава на храната што ја јадеме и што треба да правиме за да го одржиме нашето тело здраво и младо..

Една од работите што не ја јадеме доволно често, а е многу важна за нашиот организам е јодот. Содржи голема количина на корисни материи, а има и бројни придобивки. Иако не се споменува често, јодот е многу важен за здравјето бидејќи:

Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) дури тврди дека постои јасна врска помеѓу нивото на јод кај жената за време на бременоста и подоцнежната интелигенција на детето. Правилната исхрана може да влијае на правилниот раст и развој, особено за време на бременоста и најраниот период од животот на детето. Во текот на животот е можно да се влијае на психичките и физичките капацитети.

д-р Ранко Рајовиќ истакнува:

– Јодот е неопходен за нормален раст и развој на децата, а пред се за нормален развој на централниот нервен систем и интелигенција, особено во првите неколку години од животот.

Недостатокот на јод може да предизвика гушавост, хроничен замор, зголемување на телесната тежина, зголемена чувствителност на студ, сува кожа, дигестивни проблеми, лошо расположение, тенка и сува коса. Убавината и здравјето доаѓаат одвнатре, па затоа е многу важно што внесувате во вашето тело со храна и вода.

Најдобри извори на јод се алгите, морската риба и јодирана сол.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Руски научници создадоа супстанца која го продолжува животот и лечи многу сериозни болести

M T