Повеќе од 770 училишта во Велика Британија ВЧЕРА добиле електронски пораки со закани за поставени експлозивни направи. Според објавените информации, приближно 470 училишта во Шкотска и повеќе од 300 во Северна Ирска биле опфатени со идентични или слични известувања. Шкотската полиција соопшти дека пораките се оценуваат како лажни закани, но започната е истрага за нивниот извор и за можната координација на испраќачите.
Слични пораки добиле и најмалку 300 училишта во Италија, каде што биле спроведени евакуации како превентивна мерка. Надлежните служби проверуваат дали инцидентите во повеќе земји се поврзани. Засега нема потврда дека на загрозените локации навистина биле поставени експлозивни направи, ниту официјално утврден идентитет на лицата што ги испратиле пораките.


