4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Јазикот и идентитетот не се преговораат и тоа да е јасно засекогаш

„Разговорите со Бугарија се водат врз основа на Резолуцијата изгласана во Собранието. Разговараме за сите отворени прашања и за сите може да се најде решение доколку има волја од двете страни“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во вестите на Сител и додаде дека јазикот и идентитетот не се предмет на преговорите со Бугарија.

Тој додаде дека не е дефинирано дали договорениот документ со Бугарија ќе биде дел од преговарачката рамка, но во секој случај таа рамка ќе содржи елементи од договореното со Бугарија.

„Ние сме должни да бидеме оптимисти за почетокот на преговорите, но тоа не значи дека по секоја цена ќе постигнеме договор“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот повтори дека кога ќе биде поконкретно дефинирано решението со Бугарија тоа ќе биде искомуницирано со јавноста и опозицијата, бидејќи за дел од точките ќе треба да се усогласат ставовите на сите политички актери.