13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: „Отворен Балкан“ ќе носи придобивки за граѓаните без да се прави голема политичка рамка околу процесот

„Политичката идеја за ‘Отворен Балкан’ е да се спроведат практични работи кои овој регион ќе го отворат за поголеми инвестиции од земјите-членки на ЕУ и САД. Да го олеснат животот на граѓаните преку имплементација на четирите слободи на ЕУ“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во вестите на Сител.

Тој додаде дека важно е граѓаните да може лесно да ги поминуваат границите, без да имаат застои, работните дозволи да важат секаде, да може да се користи лекарска помош во сите држави.

„Очекувам дека премиерот на Црна Гора ќе присуства на следниот состанок на ‘Отворен Балкан’, бидејќи премиерот Абазовиќ веќе и изрази желба Црна Гора да се приклучи во процесот“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека сите земји здружени имаат поголем потенцијал и дека токму тоа е битката, регионот да се поврзе подобро помеѓу себе, а не да чека да се интегрира во ЕУ за да се поврзува потоа.

Спонзорирано: