Centar.mk
БИЗНИС

ЕВН Македонија го пушти во употреба првиот батериски систем за складирање на енергија

ЕВН официјално е сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата

Пробиштип, 12.05.2026 – ЕВН Македонија го пушти во функција првиот батериски систем за складирање на електрична енергија (Battery Energy Storage System – BESS), поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“. Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, системот претставува најголем батериски капацитет во рамки на целата ЕВН Групација, а воедно ја прави компанијата сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата. Со интеграцијата на оваа технологија, сончевата енергија произведена во текот на денот ќе може да се складира и користи во најповолен период, што овозможува поголема стабилност, флексибилност и ефикасност на енергетскиот систем.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

По повод пуштањето во употреба на батерискиот систем, локацијата ја посетија членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија, управителите на компаниите ќерки, претставници од Општина Пробиштип, еминентни професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии, како и претставници на компанијата изведувач Интебако.

За време на посетата, на присутните им се обрати Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер.

„Денес стоиме пред нашето најново достигнување – батериски систем за складирање на енергија поставен на фотоволтаичната централа „Пробиштип“. Станува збор за еден од водечките проекти во областа на обновливите извори на енергија и најголем батериски систем во рамки на целата ЕВН Групација и државата. Наскоро капацитетот на системот ќе биде удвоен на 40 MWh. Опремата за е веќе испорачана и е во фаза на инсталација“, истакна г-дин Маиер.

Батерискиот систем е изведен со современа LiFePO4 (LFP) технологија, со стабилен и долг работен век од околу 10 години, односно 10.000 циклуси на работа. Системот е составен од повеќе батериски и PCS контејнери распоредени на површина од околу 580 квадратни метри. Батериите се произведени од CATL, еден од светските лидери во батериската индустрија, а системот за конверзија на енергија е обезбеден од K Star.

По интензивен процес на подготовка и реализација, проектот официјално е лиценциран на 9 април 2026 година. 

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ ОД ПРЕМИЕРОТ: Државата ќе дели 20 проценти попуст за купување на нов стан за млади млади брачни парови

ДЕСК

НОВА КУРСНА ЛИСТА ЗА ПОНЕДЕЛНИК – Еве колку денари вредат еврото, доларот и швајцарскиот франк

ДЕСК

ДИПЛОМАТА ВЕЌЕ НЕ Е ДОВОЛНА ЗА РАБОТА – Европските компании сè повеќе ги оценуваат вистинските вештини

ДЕСК