„Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочувајќи дека Мицкоски изнесува лаги за загрозување на македонскиот јазик во европските процеси.
„И кога го спомнувате јазикот. Многу битна тема, поради тоа што многу често се користи како изговор, премиерот го спомнува идентитетот, јазикот и така натаму. А тоа е само уште една тема на којашто гледаме дека човекот е лажго. Премиерот лаже. Прво, кажуваше дека со владата на Зоран Заев нема да добиеме датум за преговори, па добиваме. Па кажуваше дека јазикот е загрозен со Преспанскиот договор, дека имало некакви фусноти и така натаму, што излезе дека е лага. Па да повторам дека лажеше дека ќе го поништи и не го признава Преспанскиот договор. И после тоа дојде Францускиот предлог, во којшто јасно стои дека македонскиот јазик го признаваат сите земји членки на Европската Унија. Во Францускиот предлог, односно точно во преговарачката рамка стои македонски јазик. И со тоа бугарскиот парламент ја изгласа преговарачката рамка за нас. Таму стои македонски јазик. Ниту како е цитирано во Уставот, ниту фуснота. Чист македонски јазик.“, потенцираше Филипче.
Со тоа, паѓа во вода и таа лага на премиерот дека некако македонскиот јазик е загрозен., додаде претседателот на СДСМ, потенцирајќи дека во преговарачката рамка стои чист македонски јазик, изгласан од сите земји членки на Европската Унија
„И тоа е вистината. И тоа граѓаните мора да го знаат. Да не ги лаже веќе премиерот дека тој е некаков голем патриот. Тој е лажен патриот.“, заклучи Филипче.


