Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ: Постои можност за фер решение со Бугарија, но тоа сега зависи од нив

„Интензивно разговараме со Бугарија и постојат можности за фер решение, штом нам ни е важно. Дали тоа ќе се случи зависи од тоа како ќе се постави Бугарија“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во вестите на Сител.

Тој додаде дека нашата Влада е за брзо, но не и избрзано решение кое би било на штета на нашите интереси и нашиот идентитет.

„Ние сметаме дека најдобро е да се заокружи процесот со сеопфатен докумет што ќе ги утврди обврските и од двете страни. Формата на таквиот документ е помалку важно, важно е содржински да ги договори чекорите кои треба да ги направат двете држави до кревањето на ветото и потоа“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека Владата сите чекори во разговорите со Бугарија ги прави во рамките на Резолуцијата изгласана во Собранието и во правец на тргање на ветото.

Можеби ќе ве интересира

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка во Битола

ДЕСК