Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Шест месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо, затоа Мицкоски блокира

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци од мандатот не сработеа ништо за општините и граѓаните, не ги реализираа ветувањата, немаат ниту еден проект. Затоа Христијан Мицкоски, во очај, промовира проекти на градоначалниците од СДСМ, како реконструкцијата на улици и канализација во Лескоец во Охрид, обвини СДСМ.

„ Во главниот град градоначалничката Арсовска не исполни ниту едно ветување. По шест месеци во Скопје нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 еколошки автобуси, нема нови паркови, не се исчистени депониите.

Истовремено проектите започнати од претходниот градоначалник или се закочени или Арсовска нема капацитет да ги доврши.

Арсовска го стопираше проектот за брз транспорт во Скопје, БРТ, со месеци не може да го заврши мостот во Аеродром, улиците Есенинова и Васко Карангелески, клучката во Визбегово. Иако вети дека нема да сече дрва направи масакр на дрва во Аеродром.

Граѓаните секојдневно на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски знае дека разочарувањето кај граѓаните од локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ е големо и за тоа се заканува со активни блокади и зборува за предвремени парламентарни избори во време на најголема економска и енергетска криза.

СДСМ, заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство нема да дозволи блокадите и деструкцијата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат“ додаваат од владејачката партијa.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК