Утринава дојде до пукање во техничко училиште во Крагуевац, Србија; според првичните информации, ранети се двајца вработени во службата за хигиена. Како што пренесува порталот Нова.рс, млад човек пукал кон нив од пушка.
Напаѓачот е 17-годишен ученик во училиштето и е уапсен од полицијата, јавува Нова.рс.
Полициски кордон
Зградата на училиштето и околниот простор се блокирани, а на лице место се распоредени полициски сили и припадници на Жандармеријата.
Министерството за внатрешни работи на Србија сè уште нема издадено официјално соопштение во врска со инцидентот./Извор:Makfax


