Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Наместо бесплатен јавен превоз, директорот на ЈСП поднесе оставка, и директорите почнаа да бегаат од Арсовска и нејзината неспособност

Соопштение на СДСМ:

Наместо да воведе нови автобуси и бесплатен автобуски превоз, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје си поднесе оставка.

Оставката на директорот на ЈСП Скопје е втора оставка на директор на некое јавно претпријатие под ингеренции на Град Скопје во рок од само шест месеци.

Очигледно дека и директорите на јавните претпријатија почнаа да бегаат од Данела Арсовска и нејзината неспособност.

Толку од менаџерските способности на Арсовска.

Прекинати проекти и партизација на градот е се што Арсовска „сработи“ во овие први шест месеци од нејзиниот мандат.

Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, таа и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активностите за поставување пешачки семафори, се работи во ноќните часови за да нема застој во секојдневието

ДЕСК

Граѓански форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

ДЕСК

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

ДЕСК