Centar.mk
фото Општина Центар
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето

Општина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.

„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег.

По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето.

Со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага. Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.

фото Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

ДЕСК

Бојаџиева Марковска: Каде се 700.000 денари за проектот „Пензионерите за децата“ и зошто Герасимовски не дава одговори?

ДЕСК

Ѓорѓиевски: За Скопје во кое секој безбедно се враќа дома

ДЕСК