Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: На 5 мај пред седум години полицијата на ВМРО-ДПМНЕ тепаше студенти по библиотеки, денес институциите конфискуваат нелегално стекнат имот

5 мај 2015 година, пред седум години во јавноста излегоа разговорите поврзани со обидот за прикривање на убиството на Мартин Нашковски.

Вечерта после тоа имаше масовни протести пред Владата, а полицијата под контрола на ВМРО-ДПМНЕ на двајца ваши поранешни министри кои ја контролираа полицијата во тоа време Јанкуловска и Чафков ги испратија специјалците да ги тепаат пред владата, и ги испратија да ги тепаат луѓето во библиотеката, да тепаат студенти и млади луѓе во библиотека.
Тоа е вашиот извештај за поглавје 24 од времето кога вие владеевте во државата.

Денес е многу поразлично и покрај сите проблеми, системот се справува со овие случаи на вистински начин како што треба. По прв пат кај нас во РСМ се извршени и конфискации и заплени на нелегално стекнат имот по прв пат во историјата на државата. Сите овие проблеми кои ги наведувате ние со месеци се обидувавме и се обидуваме да ги решиме на вистински начин по толкување на судот и доколку се потребни законски измени сме спремни да ги направиме законските измени и да видиме како ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави кога ќе дојдат законските измени за подобра и поефикасно конфискување на имотот пред пратениците и да видиме како вие ќе гласате кога ќе дојде ред за тоа да се гласа.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +