Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Денес на владина седница ќе се разговара за згрижувањето на бегалците од Украина

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 5.4.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 36-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледува Информација за усвојување на План – Протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Северна Македонија како последица на воените дејствија и лица кои се затекнале на територија на Република Северна Македонија од 24 февруари 2022 година, а кои заради безбедносна состојба не се во можност да се вратат во Украина.

За разгледување, предложена е и Информација за Преглед на статусот на имплементација на Глобалниот Компакт за Миграција (ГКМ) во Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, пред министрите ќе се најде и Информација за мерење на квалитетот на работата на институциите согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет.

Владината седница ќе започне во 12:00 часот.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК