Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

200 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 93 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВРАБОТЕН ВО МВР ПОВРЕДЕН ПРИ ПАД ОД МОТОЦИКЛ – Пренесен на Клиниките „Мајка Тереза“

ДЕСК

МЛАДА ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА ПОЧИНАТА ВО СТАН ВО СКОПЈЕ – Наредена обдукција

ДЕСК

НАСТАВНИК ПРИЈАВЕН ЗА НАПАД ВРЗ ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ – Инцидент за време на фудбалски турнир во Чаир

ДЕСК