14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Антикризните мерки даваат резултати, 4.000 денари месечно помош за секое домаќинство

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ во вредност од 400 милиони евра, за ублажување на последиците од најголемата светска економска и енергетска криза даваат резултати за спречување на ценовниот шок и заштита на стандардот на граѓаните, оцени владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Од партијата истакнуваат дека благодарение на брзите и ефикасни мерки сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

„Само со намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно.

Најголема заштеда односно ефект има кај мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.

Просечно 300 денари заштеда месечно за домаќинствата обезбедува намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно акцизата.

Истовремено, минималната плата е двојно поголема од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите добиваат помош од 1.000 денари месечно и рекордно зголемување на пензиите, обезбедна е поддршка на ранливите граѓани.

Во време на огромна криза, Владата предводена од СДСМ, го користи секој расположлив денар од буџетот за поддршка на граѓаните и комапниите.

СДСМ како одговорна партија продолжува со одговорни, ефикасни и издржани економски политики“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T