Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

285 санкционирани возачи во Скопје, 184 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 184 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола, десет мерки за возач почетник.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК