12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Поголема минимална плата за 80.000 работници, сите пратеници да го поддржат Законот

Соопштение на СДСМ:

СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и обезбедува достоинствени услови за работа, бидејќи работниците се нашиот врвен приоритет и нашата најголема вредност.

Веќе од први април со усвојување на измените на Законот за минималната плата околу 80.000 работници ќе добиваат повисока плата за скоро три илјади денари.

Со ова зголемување, за само 4,5 години минималната плата ја зголемивме од 8.800 на 18.000 денари.

Овој закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи се воведува нов критериум за пресметување на минималната плата која не смее да биде пониска од 57% од просечната плата, а усогласувањето ќе почне да важи со мартовската плата.

Предложениот закон за минимална плата прави пореално отсликување на животните потреби и минималната плата ќе се усогласува со 50% од годишен раст на просечната плата и 50% со раст на трошоците за живот според државниот завод за статистика.

Со овој закон се уредува и финансиската помош за исплата и контрола во остварување на финансиска помош за работодавачите, критериумите како фирмите да користат субвенции и ги обврзуваат фирмите да не ги испуштаат работниците за кои зеле субвенција најмалку 1 година.

Сите пратеници да ги поддржат овие измени на законот, затоа што ќе резултира со спирален раст на платите, ќе го подобри стандардот на 80.000 наши сограѓани и ќе доведе до зајакнување на домашната економија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T