Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците

Исполнивме уште едно ветување пред граѓаните, велат од владејачкиот СДСМ, минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари.

Од партијата на власт појаснуваат дека мартовската плата на 80.000 граѓани ќе изнесува 18.000 денари, или 45 евра повеќе за секој работник.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ работниците едвај добиваа 8.900 денари минимална плата, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ја држеше замрзната, и до денес се противи на раст на минималната плата, оценуваат од оваа партија.

„Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила. Чисто лицемерие е тврдењето на Мицкоски дека ја поддржува минималната плата. Освен неговите економисти кои јавно се противат на покачувањето на минималната плата, Трајко Славески и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите. ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партија против работниците, во изминатите четири години ги блокираше сите закони кои беа во интерес на покачување на платите на граѓаните“, се нагласува во реакцијата од СДСМ.

За разлика од нив, СДСМ, додаваат од таму, ја покачи минималната плата на 18.000 денари, со што за 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК