Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од утре важат новите правила на границите со земјите од Европската Унија

Од утре, 10 април, започнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Воедно МВР известува дека од страна на Граничната полиција на нашата држава се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

„Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот“, додаваат од МВР./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК