Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните кај своите матични лекари ќе може да потпишат изјава за согласност за органдонорство

На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

Министерот за здравство, Ази Алиу, вели дека од досегашната примена на законот произлегла потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта.

„Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на органдонорството, како највисок акт на човекољубие со кој се спасуваат човечки животи. Целта е волјата на граѓанинот да биде примарна, системот да биде потранспарентен и подоверлив, а личната одлука да се врати таму каде што ѝ е местото – кај самиот човек“, вели Алиу.

Предвидено е и воведување национална листа која ја води Министерството за здравство во „Националниот систем за електронски евиденции во здравството“, како и други административно-технички доуредувања на законскиот текст./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за Груевски – сценариото за бегството на полскиот министер од Будимпешта

ДЕСК

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

ДЕСК