24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Јас сум на страната на работниците, очекувам решение за зголемување на минималната плата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, за време на посетата на ТИРЗ Штип, истакна дека во текот на денешниот ден ќе се одржат состаноци на Економскиот совет на Владата, а потоа и состанок со Социјално-економскиот совет, со кои лично тој ќе претседава и на кои се очекува низ дијалог на Владата, заедно со синдикатите и со работодавачите, да се изнајде прифатливо решение за зголемување на минималната плата за сите страни.

„Во моето експозе при изборот на новата влада кажав дека една од нејзините заложби ќе биде зголемување на минималната плата, и тоа е тема на разговорите меѓу претставници на синдикатите и работодавачите и Владата. Да не заборавиме дека минималната плата од 9.000 на нешто повеќе од 15.000 денари беше зголемена токму од страна на Владата предводена од СДСМ и тоа е трајна владина политика“, рече премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека платите треба постојано да растат, вклучително и минималната, и дека тоа секако ќе се постигне низ дијалог на социјалните партнери Владата, синдикатите и работодавачите.