10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Моштите на Гоце Делчев се во Скопје, тука и ќе останат, ВМРО-ДПМНЕ подметнува поделби

Пратеникот од редовите на СДСМ, Јован Митрески на денешната прес-конференција истакна дека Декларацијата за Гоце Делчев на ВМРО-ДПМНЕ е политичко подметнување за нови поделби меѓу македонскиот народ, а ликот и делото на Делчев не смеат да се сведат на политичка декларација.

„Моштите на Гоце Делчев се во Скопје, во главниот град на македонската независна држава и тука ќе останат. Гоце Делчев е вграден во македонската национална химна и таму ќе остане. Имаме град што го носи неговото име, училишта и библиотеки, улици и бројни споменици.Големо е неговото дело и почитта за него.“ порача Митрески

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Митрески, Декларацијата е политичко подметнување од страна на ВМРО -ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ.

„Партијата која постојано е против нашите евроинтеграции, во нивниот познат манир, по стоти пат ја промашија темата. Бранат нешто што не е нападнато, и со тоа си ја покажуваат сопствената несигурност и аматеризам. Таквата несигурност, таквиот аматеризам и таквиот дилетантизам нема да дозволиме да биде пренесен на граѓаните. Нема да дозволиме да ни држат лекции оние кој со бројни потези го срамат ликот и делото на Делчев.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто правеше споменици на Ќосето, која на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други од тој дел на историјата тотално спротивни на Делчев и на македонските интереси во тој период.“ заклучи Митрески.

Спонзорирано: