2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каевски: Арсовска нема реализирано ниту еден проект

„Еден час денеска потроши Данела Арсовска а не кажа ниту еден сработен, готов проект. Исто како што се празни првите 82 дена од нејзиниот мандат. Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема реализирано ниту еден, повторувам ниту еден конкретен, крупен проект. Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Обновата на Универзалната сала. Бесплатниот превоз за скопјани. Треба да бидат завршени реконструкциите на 10-тина улици, истакна Дарко Каевски, пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Поминаа 82 дена од мандатот, потсети Каевски, а наместо решенија и проекти, како што рече, граѓаните на Скопје од Арсовска виделе само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности.

„Во својот отчет денеска Арсовска заборави да спомене неколку работи кои го одбележаа нејзиниот досегашен мандат: Го прекина проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари. Комплетно ги партизираше јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје. Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи тој.

После 82 дена, според Каевски, јасно е дека Данела Арсовска е најслабата градоначалничка на Скопје.

Скопје и неговите граѓани, додаде тој, не заслужуваат неспособна градоначалничка како што е Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +