Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, нивните градоначалници се големо разочарување, време е да престанат со лаги на прес конференции

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Законите важат за сите подеднакво, без разлика за кое име и презиме станува збор, а тоа е потврдено и со случајот којшто го споменува ВМРО-ДПМНЕ.

Фактите се дека има судска пресуда за овој случај, потврдена и од Апелацискиот суд. Споменатите лица се осудени на затворска казна, согласно законите и одлуката на судовите и ја имаат издржано казната.

Ја разбираме нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Нивните градоначлници се најголемо разочарување.

Не само што не работат ништо, не само што немаат ниту еден проект, туку покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата од граѓаните.

Тоа не значи дека со секојдневно ширење невистини и конструкции нешто ќе променат.

Затоа време е ВМРО-ДПМНЕ да престане со изнесување лаги на прес конференции.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК