Американскиот претседател Доналд Трамп им ја честиташе изборната победа на демократите, по поразот на Републиканската партија на меѓуизборите за Конгресот. Тој изрази подготвеност за соработка со новото мнозинство, но истовремено нагласи дека ќе го користи претседателското право на вето доколку не се постигне договор за важните прашања.
Во телефонски разговор со американската телевизија Си-би-ес, Трамп оценил дека демократите воделе успешна кампања и дека очекува да биде можно постигнување компромиси. Тој посочил дека има право да блокира законски решенија со кои не се согласува.
Реакцијата доаѓа по избори што значително ја променија политичката ситуација во Вашингтон. Иако демократите добиваат контрола врз законодавната власт, спроведувањето на големите политички промени ќе бара преговори со администрацијата на Трамп.


