Иако не треба да јадеме доцна навечер по 19 часот, понекогаш е невозможно да се игнорира гладот, кој се јавува во вечерните часови. Во тој случај, важно е да изберете храна која ќе ни помогне да ја одржиме витката линија.
Нутриционистите велат дека постојат намирници кои можеме да ги јадеме доцна навечер, за да го задоволиме гладот и да ја намалиме нервозата, без грижа на совест.
1. Пуканки
Пуканките се дефинитивно најдоброто решение кога ни се потребни грицки кои барем на кратко ќе ни го задоволат гладот. Се разбира, за да го направите ова целосно здрава ужина, намалете ја количината на масло на минимум.
2. Грчки јогурт
Грчкиот јогурт е одличен избор кога сакате да го зголемите внесот на протеини, а доколку на него го додадете омиленото сезонско овошје, тоа ќе биде брза и вкусна вечера која нема да ве загрози ниту за момент. Овој протеински и здрав оброк нема да влијае на таложењето на вишокот маснотии, па можете да се почестите со него во доцните вечерни часови.
3. Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се богати со омега 3 масни киселини, кои се неопходни за нашето тело. Можеби се совршен избор за доцна вечера, но бидејќи се доста калорична храна, потрудете се да не јадете повеќе од една шака јаткасти плодови.
4. Тост со намаз од авокадо
Авокадото е една од најздравите намирници што можеме да ја вклучиме во исхраната, а хумусот од авокадо е омилен намаз за многумина.
Овој намаз можете да го јадете на парче тост, за да го угасите гладот доцна навечер. Ако забележите дека состојбата е алармантна и дека станувате сè понервозни од глад, посегнете по една од овие здрави, инстант вечери и запомнете, овој пат без каење.