12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Ќе имаме поголемо мнозинство од 62 пратеника

Сметам дека преговорите со Алтернатива се исклучително важни бидејќи тоа е значајно за партијата, бидејќи ќе имаме поголемо мнозинство од 62 пратеници и на тој начин побрзо ќе се гласаат законите кои беа блокирани, вели во Утрински Брифинг, Димитар Ковачевски кој е кандидат за наследник на Зоран Заев.

-Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за стабилно мнозинство, за да добиеме посакуван датум преку систем на преговори за државата внатре да се менува и унапредува. Изборот за премиер зависи од партијата но и коалционите партнери и Собранието, додава тој.
Ковчевски појасни дека СДСМ е најголема партија во државата со над 80 илјади членови и на изборите секој што ќе се регистрира ќе го даде својот глас, и додаде дека имаат многу експерти на секое поле и треба да се направат тим со нови луѓе кои ќе дадат енергија и идеи.

-Корупцијата е лоша за целото општество, не само од аспект на положба туку и намалување на конкурентноста во економијата и тоа е врвен приорите, од една страна се системските промени во унапредување на законите и правниот систе, н о постојат и независни судски органи, обвинителството и сите мора да ја зголемат ефикасноста во справување на овој проблем. Имам став а тоа е нулта толеранција за корупција и ќе инсистирам ако бидам избран да биде практицирано од сите а корупцијата да биде санкционирана, вели тој.

Ковачевски во мментот е фокусиан на програмата за негова6а кандидатура, и смета дека партиски треба да се застане позади секој оној ќе биде избран во рамки на партијата, а кандидатите се кандидираат согласно критериумите.
 

Спонзорирано: