Centar.mk
МОЗАИК

Автопортрет на Фрида Кало продаден за рекордни 34,9 милиони долари

Автопортрет на мексиканската сликарка Фрида Кало е продаден во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари.

Тоа е највисоката цена платена на аукција за латиноамериканско уметничко дело.

Претходниот рекорд го држеше Диего Ривера, со кого Кало имаше повеќедецениска бурна врска. Негова слика беше продадена за 9,76 милиони долари во 2018 година.

Сликата на Кало „Диего и јас“ (Diego y yo) беше еден од нејзините последни автопортрети.

Делото ја прикажува расплакана Кало со нејзиниот сопруг Ривера насликан над нејзините очи.

На аукцијата во вторникот, „Сотби“ го опиша како „едно од најважните дела на Кало некогаш изложени на аукција“.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНИ ВКУСОВИ НА ЕДНО МЕСТО – Денеска голем саем на храна во Скопје

ДЕСК

Експертите објаснуваат како температурата на кафето влијае на неговите здравствени придобивки

ДЕСК

ПЕТОКОТ НОСИ ГОЛЕМИ ИЗНЕНАДУВАЊА – Еден знак добива важна вест, друг конечно ќе ја дознае вистината

ДЕСК