11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Парцели од 40 илјади луѓето на Мицкоски ги продале за 1,6 милиони евра

Неколку лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и телохранителот на лидерот на партијата, Христијан Мицокски, купиле или добиле на дар земјиште во општина Делчево со вкупна вредност од 40 илјади евра. Сепак, истите парцели, само две-три недели подоцна тие ги продале за 40 пати повеќе од пазарната вредност, односно за 1,6 милиони евра, обелодени пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Таа додаде дека во овој скандал кој води директно до Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, замешан е и Влатко Илиевски, дел од обезбедуањето на Мицкоски. Според еден купопродажен договорот кој го покажа Петровска, Илиевски продал земјиште во вредност од половина милион евра.

Пратеничката го постави прашањето дали разликата од препродажбата на земјиштето, како црни парли завршиле во Белиот дворец, за што постојат основани сомневања.

Скандалот претходно го обелодини „360 степени“ кои објавија дека ЕВН Електрани, како фирма ќерка на ЕВН Македонија, купила најмалку седум парцели во околината на Делчево, со цел на нив да постави фотоволтаични централи. Земјиштата кои биле продадени на ЕВН Електрани по 800 денари за метар квадратен, само три недели претходно биле купени за 15-20 денари за метар квадратен.

Во истражувањето на „360 степени“ беше истакнато дека сомнително е што двајцата продавачи Дарко Т. и Влатко И. стануваат сопственици на земјиштето само три недели пред да и го продадат земјиштето на ЕВН Електрани. Купопродажните договори, пак ЕВН Електрани со овие лица ги склучил на 21 септември, односно неполна недела пред стартот на кампањата за локалните избори.

Спонзорирано: