Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пет лица повредени во сообраќајка во Скопје

На 11.11.2021 околу 23.00 часот на крстосница на бул.„Илинден“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Н.Л.(26) од Скопје и патничко возило „шкода“, управувано од И.Ј.(31) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со повреди се здобил возачот Н.Л., а со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Г.А.(30) од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот И.Ј. и неговите сопатници И.Ч.(28) и Н.Ј.(28), двајцата од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Државата ќе дели по 3.000 денари месечно на ранливи категории граѓани?

ДЕСК

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК