Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Прогноза за 02.06.2026
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h.

Прогноза за 03.06.2026
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд на повисоките места. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 04.06.2026
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 22°C до 30°C

Утрото сончево со мала до умерена облачност, а потоа најпрво во западните делови, а потоа несекаде ќе има врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец кој повремено ќе надминува брзина од 40 km/h.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ГРОБИШТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Пешачка заврши со тешки повреди

ДЕСК