25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Децата не ни се тепаат, ги вративме мирот и стабилноста во Скопје

Во емисијата „Патот кон“, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, ја искоментира и подобрената безбедносна состојба генерално, во целиот град.

Според Шилегов, токму инвестирањето во деловите каде што претежно живее етнички албанското население, помогна во зголемувањето на безбедноста.

„Македонци или Албанци или Срби или Роми имате насекаде низ нашиот град. Меѓутоа посветеноста, изедначувањето на граѓаните и уште еден многу битен момент, безбедноста и сигурноста што ја стекнаа граѓаните во изминатите четири години е за нас, за среќа наша, на сите нас. Минато се тепачките во училиштата помеѓу децата, претежно на етничка основа. Минато се тепачките во автобусите помеѓу децата“, изјави Шилегов.

Мирот и спокојот што ги добивме е голема придобивка што успеавме да ја направиме во овие 4 години вели Шилегов и додава дека не беше така одамна кога децата се тепаа, кога не знаевме кога си го пуштате детето дали ќе се врати со скршена глава или раскрвавено или, недај Боже, со потешки последици.

„Многу е важно што мирот и стабилноста во Скопје успеавме да ги вратиме. За жал, после првиот изборен круг, повторно се враќаат сеништата од не така далечното минато“, вели Шилегов.
Граѓаните можеа да слушнат и да прочитаат дека се правеа листи на лица што треба да бидат уапсени, затворени … се отвораа гробови по социјалните мрежи. Дека сега требало да се осветат на некого, дека сега требало да се расчисти со некого …

„Повторно се пееше дека цело Скопје е вмровски град. Ама Скопје, луѓе, не е на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје не е на СДСМ, не е на ДУИ, на Алтернатива, на Алијанса, на Беса … Скопје е на скопјани, на граѓаните. Како тоа можеме политички да го присвоиме градот? Тоа се работите кај што сериозно се разликувам јас со госпоѓа Арсовска како претставник на ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

НБРМ: Стабилноста на денарот е успешно одржана, банките се отпорни на шокови

M T

Маричиќ: 9-ти мај нè обврзува да продолжиме да ги негуваме мирот, единството, стабилноста и слободата

M T

Стабилноста на финансискиот систем – поддршка на домашната економија

M T

Видео обраќање на Шилегов: Во недела изберете развој на Скопје, демократска и отворена власт

M T

Шилегов: Паднаа маските, а не мнозинството во советот

M T

Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“ со поддршка за Шилегов

M T