Во СВР Охрид на 26 ноември 2026 година е пријавен физички напад што се случил претходната вечер на улицата „15 Корпус“ во Охрид.
Според полициските информации, на 25 ноември во 20:45 часот едно лице од Охрид физички нападнало 40-годишен охриѓанец.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на настанот против лицето пријавено како напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава.


