ОВР Струга поднесе кривична пријава против 23-годишник од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според полициските информации, на локалниот пат од Вевчани кон струшкото село Октиси, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Во доставениот извештај не се наведени датумот на контролата, количеството на пронајдената марихуана или други детали за случајот.


