Полициски службеници од ОВР Кичево на 25 ноември 2026 година во 10:15 часот лишиле од слобода 46-годишен жител на Кичево, по инцидент на улицата „Тане Цалески“.
Според информациите од МВР, лицето оштетило надворешно стакло на продажен објект, во кој се обидело да влезе.
Од полицијата информираат дека по целосно расветлување и документирање на настанот, против 46-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.


