Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уште денеска сонце, од сабота драстичен пад на температурите и дожд – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денес наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, поизразен во западните делови.

До сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во сабота попладне претежно во посеверните делови ќе има повремен дожд, а во недела со повремениот дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Прогноза за 23.10.2021
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 21°C
Променливо облачно, попладне претежно во посеверните делови со локални врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 24.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно и посвежо со локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Прогноза за 25.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК