Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Разбојник од Скопје украл автомобил, па со него направил сообраќајка

Во попладневните часови на 13 октомври на скопската улица „Пролет“, полицијата уапсила 46-годишен скопјанец со иницијали Б.Д, поради сомнение дека на 11 октомври од булеварот „Борис Трајковски“ одзел автомобил „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје.

Како што информираат од МВР, подоцна истиот ден, во скопско Ново Село, разбојникот со одземеното возило удрил во автомобил „цитроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ВО МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ – 55-годишник пријавил насилство во Карпош

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Оштетен автомобил со српски регистарски таблички

ДЕСК

АПСЕЊЕ ВО ШТИП – Полицијата запрела „сеат“, во возилото пронашла марихуана

ДЕСК