Од вторник, 1 декември, во Македонија почнува примената на изменетите правила за одобрување боледување. Матичните лекари ќе можат самостојно да одобрат привремено отсуство од работа во времетраење до пет дена, наместо досегашните седум.
За продолжување на боледувањето ќе бидат потребни соодветни дијагностички испитувања и извештај од лекар специјалист, кој ќе даде препорака за потребното времетраење на отсуството.
Според појаснувањата на Фондот за здравствено осигурување, измените се однесуваат на постапката за одобрување боледување, а не на ограничување на правото на медицински оправдано отсуство од работа.


