Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, со поддршка за Шилегов

Градоначалникот на Љубљана, главниот град на Словенија, Зоран Јанковиќ, со видеопорака во пресрет на локалните избори во недела, го поддржа актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат од СДСМ, Петре Шилегов.

„Драг колега Петре, ти посакувам сè најдобро на овие избори. Градоначалничката работа не е лесна, но ако ја работиш посветено и со љубов, како што ти знаеш, тогаш успехот е неизбежен“, вели во пораката Јанковиќ.

https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/428841855276815/

Јанковиќ, на кого ова му е трет мандат на градоначалничката позиција во Љубљана, важи за еден од градоначалниците со најмногу спроведени зелени политики во Европа и човек кој во текот на годините успеа да ја трансформира Љубљана во еден од најзелените градови во Европа.

Љубљана во 2016-та година, додека Јанковиќ е градоначалник, беше избрана за носител на титулата Зелена престолнина на Европа, од страна на Европската комисија. Јанковиќ е одговорен што Љубљана воведе целосна трансформација од град во кој доминира автомобилскиот сообраќај, во град со многу зеленило, пешачки и велосипедски патеки.

Во време на Јанковиќ градот прави значителен напредок во управувањето со отпад и целосно се посветува на политиката за нула отпад. Три четвртини од целата територија на Љубљана се зелени области, каде во изминатата деценија се изведени 5 нови паркови и засадени се над 2000 дрва.
„Среќно и се надевам дека ќе бидеш и во иднина мој колега – градоначалник на Скопје“, завршува Јанковиќ.

Можеби ќе ве интересира

Ако вечерва се наоѓате на патиштата во Македонија, внимавајте на овие критични сообраќајни правци поради одрони, излевање на реки, снег…

ДЕСК

(ФОТО, ВИДЕО) Тешка ноќ за преспани – Се излеа Голема Река кај Ресен, поплави и во неколку села

ДЕСК

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК